Радио Милева „преплавена“ од емоции

Цеца заврши во солзи поради Вељко – Пејачката никогаш поискрена кон својот наследник (фото)

Цеца заврши во солзи поради Вељко – Пејачката никогаш поискрена кон својот наследник (фото)

Синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ неодамна го освои бронзениот медал на Европското првенство во бокс, на што неговата мајка е исклучително горда.

Цеца истакнала дека ја преплавиле емоциите кога нејзиниот син ја добил престижната награда и дека не се трудела да ги сокрие.

– На Европското првенство во бокс освои бронзен медал, на што сум исклучително горда и јас и целото наше семејство. Звезда организираше дочек, боксерскиот клуб, бидејќи тоа е првиот освоен медал на ЕП, а тој е боксер на Звезда. Тоа може да ме импресионира како родител, а тоа се многу убави нешта, на кои сум многу горда – изјавила пејачката. Пејачката истакна дека не можела да ги задржи емоциите кога видела дека нејзиниот син освоил медал.

– Кога го освои медалот беше поплава од емоции, го гледам моето дете кое со години се обидува да го постигне тоа што го постигна и секако емоциите почнаа да доаѓаат од мене, тоа беа солзи радосници. Едноставно не сакав да ги сокријам, уживав во неговата победа – истакна таа, а на прашањето што му кажала подоцна, кога биле сами, Цеца вели:

– Па, немам што да му кажам, живееме заедно па секој ден разговараме на секоја тема. Само му реков: „Знаеш, ме направи многу горда“, а тој ми рече: „Ти благодарам мајко“. Знам дека знае како се чувствувам – изјавила Цеца за Телеграф.

 

фото: printskrin/instagram/cecaraznatovic

To top