Дека дури и кога обврските и висат над глава, Тијана Дапчевиќ преферира да прави отстапки се’ по цена да ги испочитува долгогодишните пријателства, потврди со гостувањето во поткастот „Урок“ кај Сергеј Варошлија.
Тијана нешто повеќе од три часа сосема опуштено разговараше со својот стар пријател Сергеј на разно- разни теми, пред се’ онакви евоцирајќи спомени од детството, тинејџерските денови, преселувањето во Белград, мајчиснтвото, кариерата, па се до моментите кога била ставена пред искушенијата од пороцоите.

Тема на разговор беа и наркотиците за кои Тијана кажа дека отсекогаш се плашела и никогаш не паднала под такво искушение.
-Имам паничен страв, фобија од тоа да не умрам, да немам контрола… ме разбираш? Така што сум ја имала таа среќа што не сум посегнала никогаш по ништо. Знаеме луѓе што на стари години почнале да консумираат, што нема смисла, тоа е катастрофа. На стари години да земеш да се дрогираш мора да си тетреб, кажа Тијана резимирајќи го тоа како завршеток на темата за наркотиците.
За крај на дружбата пред камери и за тоа колку тие двајцата се сметаат за слични по душа, а и физикус, покажаа со тоа што таа си налепи лажни мустаќи, а пак тој си стави црвен крамин.

Целиот разговор за сите други погоре споменати теми погледнете од Јутјуб видеото во проволжение:
фото:You Tube printscreen/LAZAROV






