Ако повеќето дами се плашат да направат промена во изгледот, а истата фризура некои ја носат и речиси цел живот, младата пејачка Теа Трајковска е чиста спротивност на ова.
Нејзе слободно може да ја прогласиме за кралица на трансформациите, бидејќи безрезрвно прави што ќе и падне на ум, а истото и тоа како функционира и и’ личи.
Црна, руса, црвена, портокалова, ма која за која ли боја и должина на коса да стави на себе, Теа Трајковска изгледа сексапилво и заводливо, секогаш поинаква, но со истиот шарм кој си го носи автентично.
Музиката, песната, добрите вокали и амбициите се главните адути на Теа Трајковска, ама таа исто така добро знае дека „продава“ и изгледот, па воопшто не се штеди да му се посвети.
Најново е долгокоса русокоса со впечатливо розови прамемни.
-Време беше нели? – прашува Теа, а следбениците имаа само да и потврдат и да и поласкаат дека и овој пат е „кукла“.
фото:Instagram printscreen/theatrajkovska