Радио Милева потсетници кои болат

Теа Трајковска објави емотивно и досега невидено видео со Андреј ДНК: „Што и да напишам малку е“

Теа Трајковска објави емотивно и досега невидено видео со Андреј ДНК: „Што и да напишам малку е“

Андреј ДНК за жал веќе три месеци не е меѓу нас, а неѓовото отсуство никогаш посилно не се чувствувало.

Тој беше голем пријател, колега, пред се човек со големо хумано срце, ќе речат за него сите кои го познаваа. Оние блиските до него, со тешко срце зборуваат, зашто зборовите болат, а спомените уште повеќе, особено кога некој значаен датум ќе дојде како потсетник.

Пејачката Теа Трајковска објави токму еден таков, приватен и особено емотивен.

-1 година од “Амајлија” ❤️
За мене е многу повеќе од песна и што и да напишам малку е.
Ви благодарам од срце што ја слушате и што живее и свети силно заедно со споменот на Андреј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

„Амајлија“ беше заедничката на Панчо и Андреј со помладата колешка Теа Трајковска, музичка соработка, една меѓу повеќето што ги имаа, за песната што ја промовираа пред една година. За истата снимија и спот, а за реализацијата поминаа неколку заеднички денови снимајќи заедно на популарното туристико место Златибор.

Приватни снимки кои денес ги гледаме за првпат, а од оваа перспектива тешки и длабоко емотивни.

фото:Instagram printscreen/theatrajkovska

To top