Додека планетата се подготвува за историскиот спектакл во недела, 19 јули 2026 година, кога на стадионот „MetLife“ во Њу Џерси силите ќе ги одмерат Шпанија и Аргентина во големото финале на Светското првенство, социјалните мрежи буквално експлодираа.
Причината? Неверојатно, речиси морничаво пророштво на балканската музичка ѕвезда Теа Таировиќ, која го „предвиде“ ова спортско сценарио до детаљ во својот голем хит. Позадината на оваа приказна крие драматични естрадни и геополитички одлуки. Теа Таировиќ во мај 2023 година го објави мегахитот под назив „Израел и Палестина“ во склоп на својот албум „Балерина“.
Песната, во која двете задолжени држави се искористени како метафора за двајца токсични љубовници кои постојано се караат и се помируваат, преку ноќ собра десетици милиони прегледи. Оригиналните стихови гласеа:„Ми од плина и бензина, Израел и Палестина. Једне ноћи волиш ме, друге ноћи мрзиш ме…“ (Ние од плин и бензин, Израел и Палестина.
Меѓутоа, кога наесен истата година ескалираше разорниот конфликт на Блискиот Исток, пејачката се најде на мета на критики и обвинувања дека пее за земји во кои страдаат милиони. Сакајќи да избегне какви било политички конотации и повредување на нечии чувства, Теа донесе брза и професионална одлука трајно да го промени текстот на песната.
Mi od plina i benzina Španija i Argentina 🤣🔥 pic.twitter.com/1yWQAt8sl9
— TAJNI ZNAK (@Tajniznak26) November 4, 2023
Така, преку ноќ Израел и Палестина беа заменети со нови држави, а стиховите станаа:
„Ми од плина и бензина, Шпанија и Аргентина…“ (Ние од плин и бензин, Шпанија и Аргентина…)Никој во тој момент, па ни самата Теа Таировиќ, не можеше ни да насети дека токму овие две земји — Шпанија и Аргентина — помалку од три години подоцна ќе ја креираат најголемата спортска приказна на планетата.
Откако Шпанија во полуфиналето на овогодинешниот Мундијал ја совлада Франција со 2:0, а Аргентина по епски пресврт ја сруши Англија со резултат 2:1, закажан е спектаклот на сите спектакли. Токму овие две репрезентации во недела играат за титулата шампион на светот!
На ТикТок и социјалната мрежа Х (некогашен Твитер) веќе со денови кружат петиции во кои фановите низ шега ја молат Теа „повеќе да не снима песни за држави, бидејќи сè што ќе отпее се остварува во реалниот живот“. Како и да е, едно е сигурно – во недела навечер, додека целиот свет ќе го гледа историското финале, на Балканот ќе се пее само еден хит.
фото: Инстаграм printscreen/tea_tairovic





