Немања и Драгиша Гудељ ја потврдија тажната вест и со порака ја расплакаа јавноста.
Хуан Мануел Изкиердо Виња, фудбалер од Уругвај, почина откако му се слоши за време на натпреварот на неговиот национален тим против Сао Паоло во Копа Либертадорес.
Изкиердо, кој на 22 август на полувремето влезе на теренот против бразилскиот великан, ненадејно падна на тревата во 84. минута.
До него притрчаа играчите на двата тима, набрзо му помогна и лекарскиот тим, а 27-годишниот фудбалер потоа беше префрлен во болница.
Иако првично беше наведено дека не се работи за застој на срцето, туку за аритмија, шест дена по падот стигна тажна вест од болницата каде што престојуваше.
„Со голема тага и шок во нашите срца ја објавуваме смртта на нашиот сакан Хуан Изкиердо“, потврди Национал.
Трагичната вест ја потврдија фудбалерите Немања и Драгиша Гудељ кои на своите Инстаграм профили споделија фотографија од играчот кој прерано ги напушти.
Заедно со фотографијата Драгиша објави и потресна проштална порака.
– Страшно е да се слушне дека те изгубивме, изразувам искрено сочувство до семејството. Господ нека те чува под своја заштита. Моите молитви се со тебе и твоето семејство, напиша Драгиша.
Фото: print Screen/Instagram/TikTok