Две познати македонски дами од различна провиненција споделија слична фотографија. Или поточно различна, па дури сликани и на различни локации, ама она што ги врзува струмичкатас инфлуенсерка и модел Љупка Митрова и скопската траперка Дијана Оу Џи се фотките на кои ги покажаа своите мачиња.
До душа, она на сексапилната струмичанка не е лично нејзино, па икао случајно се нашло таму, очигледно знае да се намести и да позира на вистинското место. Таму каде што е најзебележливо, а Бога ми најпосакувано… за сите. Особено за мачето, кое знае каде има најголема заветрина и каде е најтопло. Освен тоа и „влажните машки“ погледи најчесто се фокусирани на најистакнатото место на телото на сексапилната Љупка, па природно е ако таму е најпривлечно и најекспонирано и мачето да се нацрта за да биде фотографирано. Логично, покрај најубавиот дел од телесниот раскош на атрактивната струмичанка, на кој ни мачорот не можел да му одолее, па се наместил зад неа за… задоволно да преде!
А и Љупка… По емотиконот на срцето, а и изразот на лицето се гледа дека е среќна и задоволна секогаш кога некој мачор е зад неа… За да и го чува грбот!
Скопската траперка Дијана Оу Џи иако ништо помалку телесно бујна и надарена, особено кога е во прашање големата заоблена позадина, нема такви проблеми со мачето… Ама затоа има поинакви. Или можеби и не се проблеми туку повеќе му доаѓа како заштеда, зашто нејзината мачка е вегетеријанка.
Или можеби и не е, туку само е на пост. И тоа витамински, па месото и месните производи ги заменила со сочна, зелена, марула.
И додека на сите им изгледа чудно, мачката на Дијана Оу Џи безгрижни си грицка од зелените листови на големата салата и ќеифот си го тера во периодот на нејзината диетална ера.
Дали и нејзината сопственичка ја дели марулата со неа или таа е од оние дами кои преферираат малку поинакво мени, проценете сами… од прикажаното!?
Патем, додека размислувате, ви останува да ја разрешите и тајната која двете убавици ја чуваат за себе: „Што мислите, кое маче подобро преде?“
Фото: Инстаграм/iamdijana.og/ljupka_mitrova