Нашата најпозната манекенка и модел со интернационална кариера, Катарина Ивановска, преку своите „стори“ објави се присети на едно далечно време на кое денес со задоволство се сеќава.
Иако веќе од поодамна е активна во светот на модата најчесто за домашни дизајнери и етикети кои се продаваат во Македонија, Катарина од пред неколку месеци влезе во бизнис водите и реши да се испроба како претприемач.

Ивановска заедно со пријателка отпочна бизнис за продажба на накит од медицински челик во еден од шопинг моловите во Скопје, бизнис приказна која допрва ја развива и имплементира на пазарот.
Сепак, она кое останува незаборавно, е времето кога чекореше на модните писти на врвните брендови, а овој пат се присети на еден таков ангажман од далечната 2006 година кога носеше модел од жолто коктел фустанче од пролетната ревија на Роберто Кавали.

Иатиот модел по претставувањето на писта го облече на едно свое шоу и светски славната дива Бијонсе.

Катарина со ваквата спопредба, односно избор на пејачката од тоа време, сакаше да не потсети и сега преку една фотографија што денес по цели две децениии останува да сведочи како модна историја.

Катарина и Бијонсе во исто, но толку различно од индивидуалната енергијата која визуелно се праќа.
фото:Instagram printscreen/katarina_ivanovska/ archivedrunway




