Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ повеќе од една недела е во Клиничкиот центар во Љубљана.
Бора Ѓорѓевиќ пред неколку дена е интубиран и се наоѓа на специјално одделение, поради што неговите посети се строго забранети, но неговата сопруга Дубравка има дозвола да биде со него цел ден.
-Таму строго се забранети посети, а не е ни за посети, интубиран е. Сепак, на жената и беше дозволено да оди кај него кога сака и да остане колку што сака – рекол изворот и додал:
– Покрај сопругата, има право да го посетува уште едно лице дневно, но само еден час за време на посетите.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека за состојбата на Бора проговорија бројни јавни личности кои изразија поддршка и надеж дека состојбата ќе се подобри.
фото: Фото: Принтскрин/Гранд онлајн/Никад није касно/ Instagram