Радио Милева ним убаво - ти раат...

Снеже Велков можеби не му ја разјасни мистеријата на Игор Џамбазов, кој ги научи овие луѓе толку да мразат, ама затоа му го откри рецептот како да ги спречиш тоа да го прават!

Снеже Велков можеби не му ја разјасни мистеријата на Игор Џамбазов, кој ги научи овие луѓе толку да мразат, ама затоа му го откри рецептот како да ги спречиш тоа да го прават!

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов пред некое време беше шокиран или што би рекле „изваден од папучи“ читајќи разно-разни негативни коментари на социјалните мрежи. Од тотално неважни работи, до круцијални нешта, коментари кои хејтерите ги споделуваат и плукаат по многумина, па и по него лично, иако грото од тие луѓе не го ни познаваат!

Вчудоневиден и шокиран од нивото на негативности и омраза на социјалните мрежи, својата зачуденост и револт јавно ги искажа во неколку свои изјави и интервјуа во поедини медиуми.


Неговата колешка, од светот на водителството Снеже Велков пак, важи за една од најпозитивните јавни ликови. Секагаш со добра мисла, неретко преточена во стихови од сопствената поезија, оваа ТВ дама секогаш има да каже „Нешто конкретно“ и надвор од ТВ екраните. Најмногу, на социјалните мрежи, поточно на својот Инстаграм профил.

Овој пат Снеже нешто напишала  токму обратно – не за злото и зависта, туку за среќата! И својата и туѓата, при тоа откривајќи ја формулата како да направиш некој да не биде злобен и зависен. Рецептот навидум едноставен. Барем теоретски! Па рецептот го споделила на својот Инстаграм профил!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

А, рецептот вели – направи го другиот среќен! Така е полесно за сите. Оти само среќниот човек нема време за завист и зло! Нему убаво – тебе раат.
Така што Снеже Велков можеби не му ја разјасни мистеријата на Игор Џамбазов, кој ги научи овое луѓе толку да мразат, ама затоа му го откри рецептот, како да ги спречиш тоа да го прават! Направи ги среќни, нека си знаат… Ним убаво – ти раат!

Фото: Инстаграм/igordzambazov/velkovsneze

To top