Има една позната реплика од култниот македонски филм „Среќна Нова 49-та“, која вели: „За го*нари, со го*нарска цевка“, откако главниот јунак Коста јаде одмазнички ќотек со водоводна цевка од Бургер и неговата банда.
Како идат годините, се’ помалку луѓе, а „го*нари“ се’ повеќе. Сите ние сме просто опкружени на секој чекор се токсични луѓе чие однесување не нервира и ни го арчи здравјето. И секојдневно се прашуваме постои ли начин да се ослободимер од нив? Некој бргу го наоѓа, некој никогаш, трети го знаат рецептот, ама од разно-разни причини се плашат да го применат.

Ама затоа македонската ТВ водителка Снеже Велков без предрасуди решила јавно да го обзнани својот начин, кој можеби е малку необичен, ама таа тврди дека е максимално ефикасен за заштита од оној кој е токсичен. Синооката убавица на своите Инстаграм приказни со „практична видео презентација“ ја објаснила целата ситуација како да се ослободите од некој „што ви планинари по психите“… Односно како од себе засекогаш се дистанцира некој што те нервира!

Процедурата мошне едноставна… Потребно ви е само едно ливче хартија и моливче, пенкалце, фломастер, што и да е што пишува… Потоа напишете го неговото име на ливчето, стуткајте го и правец кон нужникот! Ливчето со најдобра волја фрлете го во тоалетната шолја, а останатото ќе го завршат казанчето и млазот вода! Може не е баш совршено, ама барем на душичката ќе ви биде полесно.
Арно ама, оние што веруваат дека оваа финта на Снеже функционира, сега имаат друго прашање за русокосата. Ако името на оној што ви „гази по нерви“ го напишете на ливче и го фрлите таму каде што никогаш нема повеќе да ви се врати, дали истата финта ќе делува ако и името на оној по кој „сечете вени“ го напиште на нешто и го ставите на вистинското место каде што мислите дека магијата ќе фати? На хигиенска влошка, на пример?

Пробајте… Ако веќе верувате во она првото, може ќе поверувате и во ова второво?
Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze






