Во една прилика многу одамна Фреди Меркјури кажа: „Јас нема да бидам поп-рок ѕвезда, јас ќе бидам легенда“. Иако навршија 33 години откако физички го нема, Фреди продолжува да живее преку музиката, зашто нели, легендите никогаш не умираат.
А неговата, односно музиката на неповторнивите „Квин“ се уште има милиони фанови ширум светот, оние што ги слушаат, но и такви кои ги интерпретираат, понизно и со стремеж за бидат достојни. Токму такви се членовите на популарниот европски трибјут бенд „Queen Sensation“ кои вчеравечер во организација на МГ продукција приредија импресивно музичко доживување за публиката од преполната сала на Македонската филхармонија, и тоа по вторпат.
Музичкото „возење“ започна со хитот на „Квин“ од доцните 70-ти, „Bicycle Race“ од албумот „Jazz“, а автентичното појавување на пејачот на „Queen sensation“, неговиот вокал и реплика од костимографија каква Фреди носеше на настапите, направија доживување и привилегија како времето да се вратило наназад.
Со оглед на тоа дека бендовски потојат постојат 18 години, така вешто уиграни колективно да ја претстават еволуцијата на она што го оставија Фреди, Брајан, Роџер и Џон, нашите музички гости во Скопје, не внесоа во приказната ткаена по теркот на она што негогаш го правеа тие, големите „Квин“.
Секоја следна песна од „We Will Rock You“, „We Are The Champions“, „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“, „I Want it All“, „ Radio Ga Ga“ беше поттик за енергијата во секој од присутните да пулсира и барем во еден момент да биде силно погоден, да стане на нозе, да заигра и да ги запее добро познатите стихови.
„Queen sensation“ успешно го доловија саундот на гитара, бас, тапани, а секој од нив перфектно синхронизирано, но и со свое соло се потруди да остави печат на сцена.
Тој што ја имаше најтешката задача, да го одигра и отпее Фреди успешно го долови во секој сегмент, од движењата, па се до интерпретацијата, иако тој е еден и неповторнив.
Интеракцијата со публиката како уште еден од препознатливите белези на „Квин“ беше кога тој, фронтменот влезе во публика и пееше заедно со нив, се поздравуваше и овозможи спомени за пематење од таа магична вечер, исто како и што пееше со „A Kind of Magic“.
А кога поминаа речиси два часа, јасно беше дека крајот мора да дојде, па затоа на бис се вратија со која ако не „The Show Must Go On“ која едноставно беше совршен завршеток на тоа дека шоуто на „Квин“ секогаш продолжува…
View this post on Instagram
Инаку, во изминатите 18 години „Queen Sensation“ одржаа стотици успешни концерти на сите континенти, изведувајќи ја музиката на групата „Квин“, на свој начин, со што беа искрено препознаени од фановите легендарната британска рок група, па дури и од првобитните членови на групата „Квин“.
View this post on Instagram
Следеа турнеите, од Јужна Америка низ цела Европа па сè до Русија и Кина. За време на една турнеја низ Германија, Австрија и Швајцарија, тие постигнаа рекорд, одржувајќи 68 концерти во 68 градови за само 70 дена.
View this post on Instagram
Се’ на се’ „Queen Sensation“ како секаде, така и во Скопје, не беа само трибјут бенд, туку бенд со сопствена творба што не би можела да се нарече само како обична репликација на песните од „Квин“, како што некој друг би го правел или го прави.
фото:Приватна архива/Instagram printscreen/mgmusic.production