Познатата македонска пејачка и гајдаџика, Елена Јовческа, ги запали социјалните мрежи со најновите фотографии од егзотичниот Бодрум.
Ова лето има посебно значење за неа, бидејќи тоа е првото официјално летување откако стана мајка, уживајќи во секој миг покрај својата мала принцеза Талиа.

Сепак, она што предизвика лавина од позитивни коментари и ја остави јавноста без зборови е нејзиниот беспрекорен изглед.

Елена уште веднаш по породувањето покажа дека експресно брзо се врати во одлична кондиција, но со новите кадри во минијатурно темно бикини со суптилни детали од школки, дефинитивно докажа дека кај неа бременоста како воопшто да не се случила.

Фокусот со право падна на нејзината нежна, а истовремено затегната силуета и рамниот стомак кои гордо ги покажа на позирајќи пред објективот. Додека позира со очила за сонце пред преубавото синило, Елена зрачи со посебна енергија, но и со сексапил на кој можат да му позавидат и помладите колешки.

Јасно е дека македонската музичарка вешто балансира помеѓу мајчинството и грижата за себе, а резултатите се повеќе од очигледни – чиста десетка за изгледот на атрактивната мама!
фото:instagram printscreen/jovceskaelena





