Радио Милева свадба се спрема...

Цаки Кисми доби снаа и стана свекор: Неговиот син Дарио ја запроси девојката Ангела, а таа кажа – ДА!

Цаки Кисми доби снаа и стана свекор: Неговиот син Дарио ја запроси девојката Ангела, а таа кажа – ДА!

Македионскиот фолк пејач Сашо Нојкиќ, во јавноста познат како Цаки Кисми, има голема причина за славење – неговиот син Дарио ја запроси својата девојка Ангела. Запросувањето се случило за време на нивниот одмор на Сицилија, во срцето на Палермо.

Дарио го избрал плоштадот „Piazza del Parlamento“ за да ја побара за жена својата девојка.  Ангела кажа „ДА“, а фотографии од романтичниот момент беа објавени и на социјалните мрежи.

„Честито, сине и Ангела… Да сте среќни засекогаш!“, напиша Цаки Кисми покрај фотографиите од запросувањето.

 

Под објавата се редеа низа честитки и желби за среќа за новите младенци.
Фото: Инстаграм/Caki Kismi

To top