Радио Милева Љубов што ги победи годините

 44 години помладата свршеница на Мик Џегер со ретка семејна фотографија го разнежи светот: „Среќен роденден, љубов моја, за уште многу авантури, смеа и забава“

 44 години помладата свршеница на Мик Џегер со ретка семејна фотографија го разнежи светот: „Среќен роденден, љубов моја, за уште многу авантури, смеа и забава“

Легендарниот рокер Мик Џегер наполни 83 години, а најголемото изненадување за неговите обожаватели не беше роденденската торта, туку емотивната објава на неговата 44 години помлада свршеница, Мелани Хемрик, која откри редок момент од нивниот семеен живот.

Поранешната балерина на Инстаграм сподели фотографија која ретко има можност да се види – позира заедно со Џегер и нивниот деветгодишен син, за време на неодамнешниот семеен одмор. Насмеани и опуштени, тројцата испратија порака дека нивната љубов и по повеќе од една деценија е посилна од кога било.

„Среќен роденден, љубов моја! За уште многу авантури, смеа и забава“, напиша 39-годишната Мелани покрај фотографијата, а објавата веднаш привлече илјадници реакции и коментари.

Џегер и Хемрик се запознаа во 2014 година, а две години подоцна го добија синот, кој е осмо дете на славниот фронтмен на „The Rolling Stones“.

Со години се шпекулираше дека парот е свршен, но вистината конечно ја откри самата Мелани во април 2025 година. Во интервју за францускиот магазин „Paris Match“ призна дека со Џегер се свршени веќе „две или три години“.

Иако нивната врска постојано беше под лупа поради разликата од 44 години, Мелани неколкупати јавно порача дека одамна престанала да се грижи што мислат другите. Наместо тоа, двојката продолжува да ужива во заедничкиот живот, докажувајќи дека за љубовта годините навистина не се пречка.

Фото: instagram /melhamrick

To top