Она што требало да биде обичен летен одмор, се претвори во момент што засекогаш ќе ѝ го промени животот на македонската фолк-пејачка Адријана Ацевска попозната како Адријана „Кеш“. Сонцето, морето и романтичната атмосфера во Неа Флогита беа само вовед во изненадувањето кое не го очекувала.

Нејзиниот неколкугодишен партнер Дино Филипов – Македонец кој живее и успешно работи во Сплит, на нивната романса решил да и стави и официјален печат и тоа на многу несекојдневен начин.

Иако многумина помислија дека романтичното „ДА“ се случило на плажа во познатото грчко летувалиште, вистинската приказна е уште понеобична. Дино решил да не биде „како сите“, па свршеничкиот прстен го извадил додека двајцата се возеле со автомобил кон Македонија и со него ја побарал пејачката за жена.

Само еден ден претходно Адријана се вратила од летување во Шпанија преку Тирана, каде што Дино ја чекал на аеродром. Наместо обично враќање дома, патувањето се претворило во момент што ќе го памети целиот живот. По запросувањето пристигнале во Скопје, а веќе следниот ден заминале на романтичен одмор во Неа Флогита, каде што ги направија и фотографиите со кои ја изненадија јавноста.
Емоциите не ги криеше ниту самата пејачка, која на социјалните мрежи објави фотографии со блескавиот прстен и напиша:
„Кажав ДА… Во овој живот и секој нареден.“

“>Нивната љубовна приказна започнала пред три години, кога Дино од Сплит дошол во Скопје и сосема случајно присуствувал на настап на Адријана. Според неа, уште при првата средба и двајцата почувствувале дека меѓу нив се случува хемија! Љубовта опстојувала на релација Скопје – Сплит, со чести патувања, видеоразговори и постојана желба што побрзо да бидат на исто место. Очигледно, далечината не само што не им наштетила, туку уште повеќе ги зближила.

По ваквата романтична приказна останува само да видиме кога ќе заѕвонат свадбените ѕвона и дали свадбата на Адријана „Кеш“ ќе биде еден од најгламурозните естрадни настани годинава.
А што се однесува до музиката… Адријана без двоумење порачува…
„Музиката ќе почека… Време е за љубов“!
View this post on Instagram
Фото: Приватна архива/Инстаграм/adrijana_acevska




