Пејачката Сека Алексиќ со години се бори со вишокот килограми на различни начини, а сега реши да ги земе работите во свои раце и да почне да тренира.
На својот Инстаграм профил, Сека објави видео од својот прв тренинг и искрено призна колку ѝ било тешко.
– Луѓе, почнав да тренирам. Драга мајко! Се покајав за сè што сум јадела во животот. Колку е тешко… Колку не ми се тренира, но морам да тренирам – рече Сека во видеото што го објави.

Да ве потсетиме дека Сека Алексиќ претходно нагласи дека никогаш не дозволила коментарите за нејзината тежина да ја повредат.
– Не ме допира. Се сметам за убава и негувана жена, и ако некој зборува за својата тежина и дебелина, тогаш дефинитивно тоа сум јас. Кога некој ќе каже „дебела си“, тоа не е навреда за мене, бидејќи знам дека сум – рече таа и додаде:
– Знам кој е добронамерен, но и кога луѓето ми приоѓаат поради мојата коса, бидејќи најчесто се коментира, бидејќи е толку долга. Ја сакам, ми се допаѓа, тоа е мојата самодоверба. Кога имам кратка коса, како некој да ми ја одзел сексуалноста, така се чувствувам. Не ми ја допирај косата!

Сека неодамна призна дека ослабела неколку килограми и веднаш се чувствувала подобро.
– Боже, се чувствувам толку добро кога ослабувам, само би сликала и снимала видеа. Изгубив три и пол килограми, а како да сум ослабела 30. Веќе мислам дека можам да се шетам во бикини. Добро, ајде, не се лажи. Сè уште си дебела – си рече Сека додека се гледаше себеси.
фото:Instagram printsceen/ seka_aleksic







