Радио Милева во зори

Се огласи бремената Милица Тодоровиќ: „Моето мало ангелче“

Се огласи бремената Милица Тодоровиќ: „Моето мало ангелче“

Пејачката Милица Тодоровиќ наскоро ќе стане мајка, а со својата најнова објава на социјалните мрежи ги растопи своите следбеници.
Милица е во благословена состојба и како што веќе пишувавме, таа ќе донесе момче на свет. Пејачката наскоро треба да се породи, а Тодоровиќ  објави во зори преку социјалната мрежа Инстаграм, фотографија од златна, речиси божествена жена во поодмината бременост како го држи стомакот.

Бременоста е прикажана како најголемиот скапоцен камен што жената може да го носи, додека златото симболизира вредност и нешто скапоцено.

Тодоровиќ ја додаде песната „Моето мало ангелче“ од Катарина Живковиќ на објавата, а коментарите под сликата се редеа: „Прекрасна емотивна песна, ја слушнав за прв пат додека бев бремена, навистина ја допира душата“, „Ова покажува дека секоја жена/бремена жена не е слаба затоа што не може да се наведне и да го прави она што го правела порано, напротив, докажува дека треба да се однесувате кон неа како кон кралица затоа што таа носи богатство на свет. Треба да продолжите и по породувањето и тогаш тсте и потребни  цел живот“…

Foto: Printscreen/Instagram/milicatodorovicofficial

To top