Радио Милева Г. и Г-ѓа Ковачевиќ

Саша Ковачевиќ најпосле ја ожени Зорана: Еве како беше на свадбата на познатиот српски пејач (видео)

Саша Ковачевиќ најпосле ја ожени Зорана: Еве како беше на свадбата на познатиот српски пејач (видео)

Познатиот пејач кој важеше за вечен ерген, Саша Ковачевиќ, застана на „лудиот камен“ со својата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац, со коja очекува дете.

Невестата блескаше во бела едноставна венчаница од тантела, додека Саша избра класично црно одело.

Пред матичарката Зорана се изјасни дека одлучила да го земе презимето на Саша, односно да се презива Ковачевиќ.

Сопружниците првиот танц го одигра на песна од Жељко Самарџиќ „Во тебе сум заљубен“.

Патем, Саша неодамна изјави дека тој и Зорана ја криеле веста за нејзината бременост, додека не бидат сигурни дека сè е во ред со плодот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Marinkovic (@sanja_mariage)

– Се обидовме да го скриеме некое време додека сè не биде во ред, не знаеме од каде протече веста, но сега е апсурдно да негирам нешто што е вистина. Многу сме среќни и го чекаме денот кога малата Ковачевиќ или малиот Ковачевиќ ќе ни дојде – рече Саша.

Зорана Тасовац веќе ја има ќерка Искра, која ја доби со бизнисменот Богдан Срејовиќ.

фото:Instagram printscreen/
sanja_mariage

To top