На 18 април 2026 во арена „Борис Трајковски“, Северина ќе одржи голем солистички концерт, во рамки на нејзината турнеја „Ја само пјевам“. Ова ќе биде и специјален роденденски концерт со кој заедно со македонската публика ќе го одбележи својот роденден. Северина е културен феномен кој повеќе од три децении успешно им се спротивставува на времето, трендовите и очекувањата. Уметница која знае како да биде интимна и грандиозна во ист момент, тивка и бучна, нежна и силна, секогаш автентична и препознатлива, без разлика на сцената на која застанува. Таа е позната по својата силна врска со македонската публика, која со години ѝ возвраќа со полни сали, искрена емоција и незаборавни моменти. Концертната вечер во Скопје ќе биде составена од внимателно селектиран репертоар кој ги вклучува нејзините најпрепознатливи хитови, како и понови композиции, изведени со продукциски стандарди на највисоко ниво. Сценографијата, светлосните ефекти и звучната продукција ќе создадат целосно сценско искуство кое ја надминува класичната форма на концерт. Она што ја издвојува Северина на сцената е нејзината способност да создаде исклучителна блискост со публиката, дури и во најголемите арени. Нејзините концерти се исполнети со искреност, емоција и директна комуникација, каде секоја песна добива лична димензија, а публиката станува активен дел од приказната што се раскажува во живо. Концертот е во организација на Прагма продукција, која и овој пат најавува продукциски стандарди на највисоко регионално ниво, со една јасна цел, Скопје да биде домаќин на концерт кој по квалитет, емоција и изведба ќе остане долго во колективната меморија.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5726







