Радио Милева семеен сјај

Прв пат во вакво светло: Милена Антовска ги отвори вратите од својот дом кој го средуваше со помош на ќерката

Прв пат во вакво светло: Милена Антовска ги отвори вратите од својот дом кој го средуваше со помош на ќерката

Познатата македонска водителка Милена Антовска, која со години важи за едно од најпрепознатливите и секогаш беспрекорно средени тв-лица, за првпат ја покажа својата поинаква, приватна страна.

Имено, за потребите на една најнова реклама во која е ангажирана, Милена ги отвори вратите од својот приватен рај и се претстави во улога во која ретко ја гледаме – како вистинска, посветена домаќинка!

Она што најмногу ја воодушеви јавноста е нејзиното специјално друштво. Во кадрите, на Милена ѝ помага нејзината преслатка ќерка Лана Марија, со која заедно, рака под рака, го средуваат и го подготвуваат нивниот дом.

Оваа топла, семејна атмосфера веднаш ги освои срцата на нејзините фанови, покажувајќи дека зад тв-камерите, Милена е пред сè грижлива мајка која ужива во секој миг поминат со своето семејство.

Покрај нивната преубава енергија, будното око на јавноста веднаш се фокусираше на ентериерот на водителката. Имавме ретка прилика да ѕирнеме како изгледа домот на Милена и мора да признаеме дека изгледа како од списание за внатрешен дизајн!

Во уредувањето доминираат модерни и софистицирани тонови, каде што секој детаљ е внимателно избран. Пространиот амбиент зрачи со топлина благодарение на одличниот спој на елегантни парчиња мебел, дискретно осветлување и стилски декорации кои на просторот му даваат личен печат.

Чистите линии, светлите нијанси и беспрекорната уредност јасно покажуваат дека Милена има истанчено око за естетика не само за својот личен стајлинг, туку и за просторот во кој живее. А кога се’ ќе светне, тогаш е време за одмор и пиајлот на тераса.

Ова поинакво, опуштено издание на водителката докажа дека таа подеднакво добро „жонглира“ и со обврските во домот, а комплиментите за нејзиниот стил и за убавиот дом не престануваат да се нижат!

фото:Instagram printscreen/milena_antovska

To top