Живот и стил

Преморено дете: Еве како да препознаете дали вашето дете доцна заспива

Преморено дете: Еве како да препознаете дали вашето дете доцна заспива

Времето за заспивање е индивидуално за секое дете и зависи од возраста, физичката активност и низа други фактори.

Еве ги најчестите знаци дека вашето дете премногу доцна оди на спиење:

Добива „втора енергија“ и станува хиперактивно доцна навечер.
Се мачи да заспие: Редовно му требаат повеќе од 30 до 60 минути да заспие откако ќе легне.
Чести емоционални испади: Навечер се почести нападите на бес и плачењето.
Зголемена агресија: Се јавува импулсивно однесување, удирање или туркање.
Изгледа „дивo“ непосредно пред времето за легнување.
Се буди нерасположено и раздразливо, иако преспало цела ноќ.
Тешко се буди изутрина за градинка или училиште.
Заспива многу брзо во автомобил или за време на мирни и тивки активности во текот на денот.
Станува премногу приврзано и има сериозни проблеми да ги контролира емоциите.
Докторка- педијатар предупредува дека родителите грешат кога мислат дека премореното дете едноставно „изгледа поспано“.

Таа објаснува дека премореното дете има зголемено ниво на кортизол и адреналин, па наместо да спие, станува уште похиперактивно и поенергично.

Доколку го забележите ова однесување кај вашето дете, тоа е јасен сигнал од неговиот организам дека вечерната рутина треба да започне малку порано.

Што да направите:

Поместувајте го времето за спиење: Поместувајте го времето за легнување за 15–20 минути порано неколку дена.
Бидете доследни: Одржувајте ја истата рутина за спиење секоја вечер, дури и за викендите.
Исклучете ги екраните: Намалете ги сите стимулирачки активности и екрани 1 до 2 часа пред легнување.
Внимавајте на дневните дремки: Внимавајте дремките да бидат соодветни за возраста, да не бидат премногу доцна, ниту предолги.

фото:Magnific

To top