Драгана Митар се огласи за тамошните медиуми откако се дозна дека на есен ќе се мажи.
Драгана прво ја потврди убавата вест, а потоа ги откри деталите од големиот ден.
– Може ли човек да направи нешто, да планира нешто, а вие да не дознаете? За мојот приватен, љубовен живот одамна не зборувам јавно, немам потреба затоа што сум исполнета и среќна. Не би сакала да детализирам ништо посебно, но не би сакала да сокријам некоја добра вест. Точно е дека се мажам, планираме свадба на есен, на крајот на годината. Имам вистински маж покрај мене, сакана сум и среќна и сега сум среќна со се околу организацијата и милионските обврски околу свадбата… – изјавила Драгана и открила како сака да биде посебниот ден ден во животот.
– Сакам денот да ми биде најубав, сите гости да се опуштат и убаво да се забавуваат. Ќе има неколку драги и блиски соработници, сигурно – откри Драгана.
фото: printskrin/instagram/dragana_mitar