Поранешната македонска поп-пејачка Зорица Блажева или попозната како Зои Блаж го очекува своето прво чедо. Актуелната мејк-ап стилистка и модна инфлуенсерка ивесен период живее во Гермаманија поради спортските ангажмани на сопругот, словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ.
Зои и Тадеј наголемо се подготвуваат за доаѓањето на бебето, а како што самата покажува во своите видео обраќања, идната мама е речиси подготвена со се’. Бебешка количка, креветче, гардероба, аксесоари, козметика, играчки…
А како што е редот, барем по некоја нова пракса на денешните модерни трудници, кон крајот на третиот триместар од бремеменоста, се фотографираат разголени со труднички стомак во преден план.
Така направи и Зои. Си плати кај професионален фотограф за да овековечи кадри од трудничкиот период за да останат за спомен и да сведочат засекогаш.
Од она што го објави засега, можеме да видиме дека фенси Зои одлучила да позира во предимензиониран комплет од класичен тренди женски костум, а потоа и во црна транспарентна наметка од тантела и долна облека со истата текстура.
Изминатите неколку масеци Зои има набиени „стори“ објави од кои споделува труднички искуства, ама и се’ она од гардероба со што го наполни плакарот периодов откако телото почна да се менува од нараснатиот стомак.
За потсетување, Зорица Блажева во 2022 се омажи со Матијашиќ кој дојде во Македонија во 2012 и остана седум сезони во Автокоманда, каде играше за првиот и вториот тим на Металург. Потоа се пресели во словенечки Копер, пред да замине во Германија, каде игра за тимот на Сул.
Зои сега е пред почетокот на осмиот месец од бременоста, а многу наскоро со божја благослов во рацете ќе држи женско бебе.
Со лесно!
фото:Facebook/Zorica Zoi Blaz Blazeva/ fotostudio/ @lichthof