Радио Милева тотална реконстукција

По потрошени 150 илјади евра за операции, поранешната пејачка сега се реши на нова

По потрошени 150 илјади евра за операции, поранешната пејачка сега се реши на нова

Поранешната членка на групата „Моделс“ и ријалити учесничка, Драгана Митар, отворено проговори за операциите на лицето, од кои, како што пишуваа медиумите, имала повеќе од 10, само на лицето.

Сега направила уште една естетска интервенција, но се однесува на филери на лицето, па го преобликувала кај брадата и покажала каков бил резултатот.

Драгана очигледно сакала брадата да ѝ биде позашилена, а по пат ја променила и фризурата…

Драгана, патем, никогаш не криела дека направила бројни естетски интервенции на себе, а како што се пишувало, потрошила вкупно околу 150.000 евра, што е доста голема бројка.

Драгана објави видео на Инстаграм каде буквално не личи на себе, што е она што луѓето најчесто го пишуваа за неа на мрежите.

– Ова веќе не е истата личност. Штета што претерала со операциите, таа била многу убава жена. И сега е убава, но не личи на себе – беше само еден од коментарите на мрежите тогаш.

фото:Instagram printscreen/dragana_mitar

To top