Киднапирањето на Даниел Кајмакоски како бомба одекна во сите балкански медиуми и беше вест број еден викендов. За среќа обидот за изнуда со закана по животт на пејачот и неговото семејство заврши со среќен крај иако мотивите за овој насилен чин барем официјално се’ уште не се познати, а и киднаперите се’ уште се во бегство.
И уште не се имаше стишано целата бура, уште прашината не беше слегната кога ете ти нов шок, нова неприлика, слична на претходнава. По киднапирањето на Кајмакоски уште еден ваков „обид за изнуда“, само овој пат во Македонија и тоа пред камера!
Имено, македонската пејачка Ивона Јовановиќ попозната како Ивона Јо беше гостинка кај позбатиот битолски јутјубер Мими Марковски и неговиот поткаст муабет со возење во Југото низ битолските улици и околината.

Овој пат домаќинот не случајно избрал разговорот со пејачката да го води навечер, па ноќното возење со „скриени намера“ наместо скриена камера за малку ќе се претвореше во „шлог пред камера“… Секако за македонската пејачка на која домаќинот и приреди „смрзнувачка“… од страв, се разбира!

Додека разговорот во Југото си течеше онака нормално и опуштено, Мими за момент застана на еден осамен паркинг, кога во еден момент од нигде-никаде двајца маскирани со црни качулки на главите ја отворија вратата на возачот и со закана со пиштол грабнаа да го вадат од Југото.

„Излегувај надвор, што мислеше оти нема да те најдиме…?“ – му одбрусија онака по битолски на Мими Марковски, додека камерата во Југото сето то уредно го регистрираше. Гостинката во прв момент ем преплашена, ем збунета, шокирана од ситуацијата остана подзината со вкочанета вилица! Од страв, Ивона Јо малку што не го „измо**и“ седиштето!

„Киднаперите“ прилично уверливи, арно ама домаќинот Мими не можеше да се воздржи до крај да остане сериозен па почна да се смее, по што гостинката сфати за што се работи.
„Леле ако ме зае*аваш, ќе те убијам“ – врескаше Ивона Јо во Југото, откако се свести дека се работи за „режирана намера“ Мими и другарите да и приредат „скриена камера“.

„Леле срцето ме фати… дали сте вие нормални?“ – продолжи да галами пејачката откако излезе надвор од Југото по шок случката да се освежи со водичка.

Не можејќи се ‘ уште да се соземе од стресот само што не падна на задник на асфалтот.

Како сето тоа изгледаше, погледнете од клипот во продолжение…
View this post on Instagram
А комплетната авантура со сите детали во видеото со целата емисија подолу.
Фото и видео: Јутјуб/YUGO – Ivona Jo – Prank – Se shokirashe/Инстаграм/mimi4u16



