Познатата македонска ТВ водителка ма естрадниот магазин „Бекстејџ“, Верица Донев, приреди вистинско изненадување на социјалните мрежи со споделување на најубавата вест – нејзиното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член.
Таа и нејзиниот сопруг Гордан Божиновски веќе го имаат синот Карло, кој наскоро ќе ја преземе одговорната улога на постар брат.
Наместо класична објава за она што следи, таа се одлучи за креативно и емотивно видео снимено на плажа.
View this post on Instagram
На видеото, тричленото семејство позира со свртени црни капчиња кои кријат порака.
Кога ќе се завртат, натписите на нив ги откриваат новите улоги во животот: кај неа пишува „Мама“, кај сопругот „Тато“, а најслаткиот момент е кај малиот Карло каде пишува „Поголем батко“.

За да биде среќата комплетна, на крајот од видеото горните родители ја прикажуваат и првата слика од ехото на бебето со едноставна, но моќна математика: 1+1=4.

Македонски јавни личности, инфлуенсери и колеги веднаш се вклучија во коментарите со честитки и најубави желби за бременоста.

Полот на бебето сè уште се чува во тајност, па останува да почекаме дали во семејството ќе пристигне уште едно момче или пак мало девојче.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/vericcadonev/Chat Gpt




