Радио Милева непребол

„Една година без тебе“: Розга сподели потресна објава за својот миленик, од фановите доби поддршка

„Една година без тебе“: Розга сподели потресна објава за својот миленик, од фановите доби поддршка

Популарната пејачка Јелена Розга сподели со своите следбеници многу емотивна објава со која одбележа една година од загубата на својот сакан миленик.

Пејачката му посвети трогателни зборови, а веднаш доби поддршка од фановите. Јелена пред една година се прости од јоркширскиот териер по име Ринго Стар.

Таа сега покрај фотографијата од својот миленик објави трогателни зборови кои разнежнија и расплакаа многумина:

„Една година без тебе, златно мое момче. Беше и засекогаш ќе бидеш мојата најголема љубов. Толку ми недостигаш што сè ме боли. Би дала сè да си тука… Ринго Стар.“

Објавата на Јелена предизвика реакции кај нејзините фанови, кои беа трогнати од нејзините зборови. Масовно ѝ оставаа коментари со поддршка. Познато е дека пејачката со години била неразделна од својот миленик и дека Ринго имал посебно место во нејзиното срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Инаку, за нејзината витка линија, како што вели самата пејачка, заслужни се комбинацијата од добра генетика и дисциплина во секојдневниот живот. Таа нагласува дека избегнува алкохол и се труди доволно да се одмора:

„Пред сè е генетиката, сите мои се слаби, но и јас внимавам. Не јадам глупости, не пијам алкохол и многу одморам. Цел живот го правам тоа, не е ништо ново. Внимавам на исхраната поради здравјето.“

Блескавиот тен е нејзин заштитен знак, а грижата за лицето ѝ е приоритет уште од почетокот на кариерата.

фото:Instagram printscreen/rozgajelenaofficial

To top