Пејачката Јасна Миленковиќ Јами (60) ги воодушеви своите следбеници со најновата фотографија во костим за капење, на која изгледа нереално.
Иако е на прагот на седмата деценија, популарната пејачка гордо ја покажа својата фигура и витката линија.
На фотографијата Јами опуштено позира на лежалка во едноделен костим за капење, додека во рацете го држи своето мало куче.

Летното издание го надополнила со очила за сонце и препознатливата руса коса, додека ужива на сонце. Обожавателите во коментарите ја опсипале со бројни комплименти, согласувајќи се дека со годините изгледа сè подобро.

Инаку, пејачката Јасна Миленковиќ Јами отсекогаш се трудела својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, но неретко со гордост ја истакнува својата полнолетна ќерка Леа.
foto:printscreen/instgaram/jamiofficial







