Радио Милева не стивнува конфликтот

Катарина Живковиќ жестоко ѝ одговори на Кија Коцкар: „Жал ми е што енергијата не ја насочува кон себе“

Катарина Живковиќ жестоко ѝ одговори на Кија Коцкар: „Жал ми е што енергијата не ја насочува кон себе“

Пејачката Катарина Живковиќ проговори за кавгата со поранешната победничка на реално шоу, Киja Коцкар.

Катарина пред неколку години го прекина пријателството со победничката на „Задруга 1“, Киja Коцкар, но нивниот конфликт, судејќи според сè, не стивнува ниту денес. Таа сега одговори на провокациите од поранешната пријателка, кои Кија ѝ ги упати.

Пејачката во емисијата „Премиера викенд специјал“ ја коментираше изјавата на Кија Коцкар, нејзината поранешна пријателка, која порача дека сè уште не кажала сè што знае за неа.

„Што се однесува до мене, јас си се занимавам со својот живот. Жал ми е што не ја насочува енергијата кон себе и кон она што би можело да ѝ помогне. Не мразам никого, ѝ посакувам сè да ѝ се оствари. Не сум заробеник на некое минато. Што се однесува до мене, на сите им посакувам среќа. Ако мислите позитивно, добро и ќе ви биде. Си се занимавам со својот живот и немам време за глупости. Жал ми е, би сакала да ја насочи енергијата кон некои конструктивни работи“, рече пејачката во емисијата.

По тој повод, таа се осврна и на прашањето дали смета дека на естрадата денес има повеќе суета од кога било порано.

„Не сум во позиција некому да му полагам сметки, некој да управува со мојата кариера, па јас да морам да полагам сметки за нечија суета да не ме саботира. Во последните неколку дена имав неколку состаноци со успешни, прекрасни луѓе кои не се суетни, бидејќи се свесни за себе. Јас си го избирам друштвото. Не седам со луѓе кои се лоши, кои не ми мислат добро. Така се заштитувам од лошите луѓе.“

foto: printscreen/instagram/kijakockar/katarina_zivkovic_official

To top