Радио Милева ОВА НЕ СЕ ГЛЕДА СЕКОЈ ДЕН

„Кралицата на бакшишот“ се лади со лепеза од банкноти: Марија Луиса  е единствениот естраден интерпретатор на која бакшишот и служи и како вентилатор! 

„Кралицата на бакшишот“ се лади со лепеза од банкноти: Марија Луиса  е единствениот естраден интерпретатор на која бакшишот и служи и како вентилатор! 

Македонската фолк-пејачка Марија Луиса Тодоровска, одново ја разбранува јавноста со она по што е на своите настапи е најпозната. Овојпат нејзиниот настап привлече внимание со сцена која не дека е непозната, ама ваква сцена досега сепак не е видена, па затоа истата веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Позната како неприкосновена  „кралица на бакшишот“, битолчанката со скопска адреса и овојпат покажа дека кога ќе застане пред публика – тешко дека некој останува рамнодушен. Атрактивната фолкерка ионака е  позната по своите енергични настапи и провокативното сценско однесување, но овојпат очигледно реши да ги помести границите на забавата.

Облечена во провокативна црна комбинација, во еден момент Марија ја вжешти атмосферата до максимум. И додека „влажните машки погледи“ се лепеа за телесните убавини на пејачката, сепак најголемото внимание го привлече она што го држеше во раката, нејзината лепеза. само што оваа не беше обична туку создадена од огромната количина банкноти од собраниот бакшиш!

Додека во едната рака го држеше микрофонот и продолжуваше да пее и танцува, во другата имаше толку многу пари што ги рашири како вистинска лепеза и со нив буквално се „ладеше“ додека играше и пееше пред гостите.

Сцената предизвика вистински метеж меѓу присутните, а и подоцна на социјалните мрежи. Едни не можеа да поверуваат што гледаат и се фаќаа за глава од изненадување, додека други веднаш ги извадија телефоните и почнаа да снимаат. А кога Марија ќе направи вакво шоу, очигледно камерите сами се палат!

Снимките и фотографиите од несекојдневниот момент пејачката ги сподели и на својот Инстаграм профил, па очекувано – „бакшишот како лепеза“ брзо стана една од најинтересните сцени од нејзината последна „тезга“!

Марија Луиса уште еднаш покажа дека за добар бакшиш не е доволно само да се пее, туку треба да се има и малку поинаква харизма, предизвикувачка, возбудлива провокативна…  За да собереш толку многу банкноти што ќе бидеш единствениот естраден интерпретатор, кому бакшишот му служи и како вентилатор!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska/АI

 

To top