Мегафон 39-то издание

Песната „Гратче мое убаво“ на Христијан Божинов – Кико победи на Фолк Фест Валандово 2026 година

Песната „Гратче мое убаво“ на  Христијан Божинов – Кико  победи на Фолк Фест Валандово 2026 година

Со 20 нови композиции, многу емоции и аплаузи, вечеравечер (27.Мај) во салата „Јанко Узунов“ во Валандово се одржа големата фестивалска вечер од 39-тото издание на Фолк Фест Валандово 2026 кое со директен пренос се прикажуваше на МРТ1.

На сцената оживеа македонската песна во своето најубаво издание, а публиката уште еднаш покажа дека Валандово е градот на музиката, традицијата и безвременските мелодии.

Учесниците донесоа нова енергија, современ звук и песни кои ќе останат да се пеат. Вечер исполнета со музика, емоции и моменти за паметење.

Во прекрасна фестивалска атмосфера беа прогласени победниците на Фолк Фест Валандово 2026.

Награда за најдобра песна: „Гратче мое убав“ – Христијан Божинов – Кико

Втора награда:
„Солзи немам“ – Благица Калева

Трета награда:
„После се’“ – Анета Љумаковска, Јане Динев и Анета Бенд

Награда за најдобар текст :
„Жено Неверна“ -Томислав Коцевски – Пепси (инт. Драган Даце Николовски)

Награда за најдобра музика:
„Гратче мое убаво“ – Зоран Ванев (инт. Христијан Божинов – Кико)

Награда за најдобар анражман :
„После се’“ – Томислав Коцевски – Пепси (инт. Анета Љумаковска, Јане Динев и Анета Бенд)

Награда за најдобара интерпретација :
„Солзи немам“ – Благица Калева

Инаку, претфестивалската вечер (26. Мај) на Фолк Фест Валандово 2026 донесе емоција, традиција и песни што публиката ги пееше во еден глас. Плоштадот во Валандово беше исполнет со музика, спомени и радост што ја носи македонската песна.

фото:Facebook/Фолк Фест Валандово

To top