Валандово уште еднаш ја отвори сцената за македонската песна…
Вчеравечер (27. Мај) се одржа 39-тото издание на Фолк Фест Валандово каде покрај новите 20 композиции, на сцената во ревијалниот дел со своите хитови публиката ја забавуваше Ленче Кукиќ и групата „Јупитер бенд“, а за една песна и се придружи и сопругот Горан.

Пред да започне да го прави она што најдобро го знае и умее, Ленче од бекстејџот пред камера поразговара со водителката Снеже Велков за искуствата и впечатоците од фестивалот, а меѓудругото откри и дека со сопругот Горан направиле еден драстичен животен чекор, односно решиле да се преселат од град во село.
-Сега живееме во мир и спокој. Се’ е поубаво на село, кажа Ленче за својата среќа од деновите во руралниот дел на Струмица откако решиле да купат имот.
Снеже побара на кусо Ленче да и отпее дел од нејзината омилена „Катерино моме“, а тоа во целост се случи на сцената пред публика каде Ленче околу половина час додека траеше гласањето со својот глас и позитивна енергија ги почести присутните во салата, а и гледачите кои го следеа преносот во живо на МРТ 1.

За посетување, познатата македонска музичка и брачна двојка, Ленче и Горан Кукиќ, до неодамна живееја во Струмица. Тие таму ја градеа својата повеќедецениска музичка кариера и оттаму одржуваат силна семејна традиција.
Сепак, со годините, искуството и потребите , нештата се менуваат, па дури и за вака значајна миграција која за познатите сопружници сега е попривлечна од турбулентниот градски живот.
фото:Facebook/ Ленче Кукиќ/ Фолкс Фест Валандово






