Во пријатна атмосфера во Intermezzo Music Bar во Скопје, денеска се одржа прес-конференција по повод претстојниот концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кој ќе се одржи на 6 јуни 2026 година во Арена Борис Трајковски.
Под мотото „Јован Јованов, Елвир Мекиќ и пријателите“, концертот е замислен како голем музички спектакл што ќе ги обедини публиката, емоциите и хитовите кои оставија белег на домашната музичка сцена. Организаторите најавуваат вечер исполнета со носталгија, енергија и врвна аудио-визуелна продукција, а на сцената ќе им се придружат и специјални гости.
На прес-конференцијата беше истакнато дека публиката ќе има можност да ужива во најпознатите песни и безвременски хитови што обележаа една музичка ера и создадоа незаборавни спомени кај генерации слушатели.
Дополнително, организаторите упатија и посебен повик до посетителите да дојдат облечени во бело, со цел да се создаде уникатен светлосен и визуелен ефект во арената и сите присутни да бидат дел од целокупното сценско доживување.

Концертот во „Борис Трајковски“ веќе се најавува како еден од најголемите домашни музички настани ова лето, а интересот кај публиката е сè поголем.






