Пејачката Сања Вучиќ откри дека изгубила дури 12 килограми во период од година и пол, поради автоимуна болест. Сања призна дека има тешкотии со губењето на тежината поради проблеми со тироидната жлезда.

– Изгубив 12 и пол килограми. За жал, се изгладнував. Луѓето кои имаат проблеми со тироидната жлезда знаат колку може да биде тешко, но ја преполовував лажицата, јадев помали порции, овој процес траеше околу година и пол. Најтешко ми е да се спротивставам на лебот, лебот е мој отров, дрога. Не сум љубител на слатки – вели пејачката.

По финалето на Ѕвездите на Гранд, Сања нагласи дека е задоволна од пласманот на нејзините кандидатки.

– Задоволна сум од пласманот на моите кандидатки во Ѕвездите на Гранд. Бевме во финалето, се пласиравме меѓу првите 6, ќе напишам по една песна за секој од нив – откри таа за Блиц.
Foto: print screen/you tube/vostcast/instagram/sanjalilwolf






