Пејачката Надица Адемов неодамна го прошири својот имотен список со нова луксузна недвижност во близина на Будва. За апартманот со панорамски поглед кон морето издвоила неверојатни 300.000 евра, а фотографиите од зајдисонцето што ги сподели на Инстаграм ги маѓепсаа нејзините следбеници.

Во моментите меѓу настапите, Надица ужива во Црна Гора, каде што не само што одмара покрај море, туку и активно инвестира во недвижности. Таа не крие дека не жали пари кога станува збор за квалитет – како за имот, така и за кариерата.

Додека нејзините деца се играа на балконот, пејачката го сними хоризонтот и романтичното зајдисонце, кое веднаш доби лавина реакции и лајкови. Новото летно засолниште не е само статусен симбол, туку и место за семејни моменти во мир и луксуз.

Познато е дека Надица Адемов и нејзиниот сопруг се многу имотни, а само за последниот музички проект пејачката вложила околу 150.000 евра.
фото:instagram printscreen/ademov_nadica







