Радио Милева на забава

Пее во негова прегратка – Бремената Милица Тодоровиќ во клуб со овој маж

Пее во негова прегратка – Бремената Милица Тодоровиќ во клуб со овој маж

Пејачката Милица Тодоровиќ сподели видео од забава со својот колега Стеван Анѓелковиќ. Тодоровиќ сподели видео од еден бар на социјалните мрежи, каде што можеше да се види како се смее и ја пее познатата песна „Јорговани“ од Весна Змијанац.

Милица, која е бремена, уживаше во песната, додека присутните ја слушаа со воодушевување. Друштво ѝ  правеше нејзиниот колега и кум Стеван Анѓелковиќ, а пејачката привлече внимание и со својот стајлинг со проѕирни детали.

Да потсетиме дека Милица беше во центарот на вниманието минатиот месец кога се појави видео на кое таа пее под шатор, облечена во народна носија и гордо го покажува својот труднички стомак. Тој настап предизвика бројни позитивни реакции и покажа дека пејачката без напор ги комбинира традиционалното и модерното, додека ужива во секој момент од својата блажена состојба.

Foto: Printscreen/Instagram/milicatodorovicofficial

To top