Радио Милева од играчка плачка

Патувањето од старт им преседна: Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ завршија во болница

Патувањето од старт им преседна: Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ завршија во болница

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ отидоа на патување со своите ќерки. Сепак, работите многу брзо се искомплицираа.

Нивната помлада ќерка, Лана, ја повреди раката, поради што мораа да побараат медицинска помош.

– А каде би биле ние во Луксембург освен во болница? Имаме многу немирни деца, знаете. Но, нека бидат живи и здрави. Еве, можете да ја видите раката… Раката е отечена, има сериозна модринка, дури и го снимив тој дел кога Миа и Лана си играа во авионот, Лана падна и се удри некаде. Не е ништо страшно, но мора да се провери – се пожали Марко Миљковиќ.

 

По прегледот, семејството Миљковиќ повторно проговори и откри што рекол докторот.

– Повредата на Лана нема никаква врска со падот, таа добила инфекција од рана или каснување. Вчера, кога падна, ја болеше бидејќи веќе беше отечена. И ставија крема со антибиотици или лек и ја преврзаа раката, па затоа треба да оди на контрола утре. Во најголем дел, таа е добро, ништо не скршила – вели Луна Ѓогани и открива дека платиле околу 300 евра за прегледот, бидејќи немале патничко здравствено осигурување.

фото:Instagram printscreen/

To top