Промотер

Пајак во „2000 и некоја“ раскажува музичка приказна за тагата како цена што ја плаќаме за љубовта преку – „Биди ми добра“ (ВИДЕО)

Пајак во „2000 и некоја“ раскажува музичка приказна за тагата како цена што ја плаќаме за љубовта преку – „Биди ми добра“ (ВИДЕО)

Помалку од еден месец по објавувањето на песната „Делириум“, заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ, охриѓанецот Христијан Настески попознат како Пајак го објави својот долгоочекуван албум, насловен „2000 и некоја“.

Албумот содржи 7 песни, од кои покрај веќе споменатата „Делириум“, младиот охриѓанец има уште   три отпеани во дует со колегите од неговата жанровска фела: „Тотално луда“ повторно со Лара Иванова, потоа „Ризик“ со Тони Зен и „Тајни“ со Тајзи.

„Од почетокот на мојата кариера сонував за овој момент… Од спомени до музика „2000 и некоја“. На 17 јуни го објавувам мојот прв студиски албум, моменти и приказни што оставиле белег. Со нетрпение чекам да го слушнете. Со љубов, Пајак“ – напишал младиот трап артист на својот официјален Инстаграм профил во најавата за албумот.

Сепак, истиот не го отвора ниту еден од споменатите три дуети, туку  за нов сингл од него, Пајак ја избрал одличната „слоу денс балада“ со наслов „Биди ми добра“.


Песната е авторско дело на самиот Пајак, кој ја напишал и музиката, а го потпишува и текстот, заедно со Елвир Мекиќ, Луна Ристиќ и Лазар Цветковски, во кој уште на почетокот на видеото е испишана главната поента во содржината на стиховите: „Тагата е цената што ја плаќаме за љубовта“!

Младиот охридски пејач на новиот албум работел заедно со музичкиот продуцент Иван Јованов Ивајо кој стои и зад миксот и мастерингот, додека за видеоспотовите  се погрижила и овој пат креативната екипа на неговата продуцентско-издавачка куќа Урбан Рекордс – тим кој последните години испорачува модерни и визуелно впечатливи проекти, што придонесува за популарноста на Пајак и во и надвор од Македонија.

Како звучи и изгледа „Биди ми добра“ – новиот сингл на Пајак за чие видео режијата ја потпишува Гордан Божиновски, проследете во продолжение…

 

To top