Сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ се породи пред четири дена и на свет донесе син на кој неговите родители му го дадоа името Перун.
Водителот направи голема прослава во една белградска кафеана, а видеото го сподели на Инстаграм, на страната на неговата емисија „Амиџи шоу“.
Судејќи според видеата, ова за него е незаборавно. Водителот облечен во маицата „Добре дојде Перун“, а потоа објави слика од неговата искината маица.
Во еден момент Огњен Амиџиќ и запеал, а претходно тој откри како донеле одлука синот да го крстат Перун.
„Секако дека бев емотивен, тоа е посебно чувство. Кога ќе го видите тоа битие што е толку мало, чисто и невино… Тоа е чувство што ве потресува до срж. Долго време размислувам за името, веќе некое време ми се допаѓа името Перун. Кога го предложив, на Мина и се допадна. Навистина го почитувам сечиј избор. Чудно ми беше името, до ден денес не познавам некој Огњен кој е постар од мене, тогаш беа модерни други имиња. Сакав име кое е необично, кое има врска со нашата традиција и е необично. Силно име, кратко, јасно, се надевам дека ќе му донесе среќа“, рече тој.
фото: printskrin/instagram/