Познатиот македонски поп-пејач и поранешна ѕвезда на „Гранд“, Ален Хасановиќ, повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овој пат причината не е само неговиот моќен глас, туку неговиот драстично изменет физички изглед.
Имено, пејачот кој важи за вистински миленик на женската публика, на социјалните мрежи сподели фотографија од типот „пред и потоа“, која за кратко време предизвика лавина од коментари и реакции.

Хасановиќ отворено призна пред своите следбеници дека изминатиот период поминал низ фаза во која накачил сериозен број на килограми и го „испуштил“ стомакот, што било аларм дека мора да направи радикална промена.
Наместо да очајува, Ален се затворил во теретана, започнал со напорни тренинзи, па по повеќемесечна строга дисциплина и напорна работа на себе — се врати во топ форма!

На новите фотографии тој гордо ги покажува своите стомачни мускули и извајано тело, оставајќи ги фановите во неверување.
Ваквата драстична трансформација на пејачот доаѓа по прилично бурен период на приватен план. Да потсетиме, Ален Хасановиќ минатата година официјално стави точка на својот брак со поранешната сопруга Аида.
Нивната разделба по две години заеднички живот тогаш силно одекна во медиумите низ Балканот, а самиот пејач потврди дека секој тргнал по својот пат за да бидат посреќни.

Дека приватните бури не ја попречија неговата креативност, докажува и неговата плодна музичка кариера. На професионален план Ален е поактивен од кога било. По успешните промоции на баладите „Мајка пита“ и „Фанатик“, кои поминаа одлично кај публиката, тој неодамна го издаде и својот најнов сингл насловен „Зашто овако боли“.

Со овој нов проект, но и со новиот „стегнат“ изглед, Ален дефинитивно најавува дека е подготвен да остане активен и под полна пареа.
фото: Facebook/ Alen Hasanovic



