Радио Милева боли уште посилно

Ново утро со скршени срца: Игор Џамбазов го разбуди споменот со Андреј и она недокажаното (фото)

Ново утро со скршени срца: Игор Џамбазов го разбуди споменот со Андреј и она недокажаното (фото)

Ноќи без сон, пролет без радост, сонце без светлина од никогаш потешките и потажни денови за Македонија. Новите утра уште посилно болат, а првата мисла за загубата копа по раните кои никогаш нема да зацелат. Последниот поздрав за починатите како да не може да биде еднаш, во еден ден, со една мисла…

Игор Џамбазов утрово во мислите беше заглавен само во трагедијата и големата македонска загуба,  животите кои згаснаа меѓу кои и оној на неговиот пријател Андреј Ѓорѓиески кој вчера беше испратен во вечноста.

Игор сподели заедничка фотографија каде двајцата разговараат седнати на скалите од сцената каде настапувале заедно. Момент кој Игор утрово го пронајде од своите фотографии, а сила за да напише нешто немаше освен да остави три силмболи од скршени срциња.

Муабетот им остана недокажан, како што напиша Џамбазов во збогувањето со Ангреј пред три дена кога собра парче мисла од хаосот во главата за да се прости од Андреј кога напиша:

-Пријателе…

Немам зборови.
Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.
Уште помалку да пеам.
Онемев.
Ослепев.
Оглувев.
Оглупавев.
Снеможев.

Андрејчук, малкумина има како тебе.
Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.

И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку…

Сонувај спокојно…

Вчера, четврток, 20 март 2025 на гробиштата Бутел во Скопје беше извршен погребот на Андреј Ѓоргиески, член на бендот ДНК, кој на 16 март трагично го загуби животот во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

На тажното збогување на гробиштата беа присутни голем број луѓе, меѓу кои најблиските, роднините и блиски членови на семејството, другари, пријатели, колеги, блиските соработници и претставници на медиумите.

фото:Instagram printscreen/igordzambazov

To top