Радио Милева ноќ на одлуки

Ноќта кога носи одлуки Мелита тоа го прави со шампањско и „секси салата“ од мед и ореви… Само нејасно е дали тоа беше одлука за некоја важна работа или само подготовка за љубовна (пред)игра?

Ноќта кога носи одлуки Мелита тоа го прави со шампањско и „секси салата“ од мед и ореви… Само нејасно е дали тоа беше одлука за некоја важна работа или само подготовка за љубовна (пред)игра?

Летото замина, а со тоа и Мелита Ракичевиќ се врати дома од Грција каде во Калитеа, како што самата потврди, годинава стана газдарица на четири луксузни апартмани.

Но „скопската тигрица“ и кога е дома не мирува, а социјалните мрежи и се постојано поле за презентација на нејзината „животна зезанција“, зашто Мелита не е ниту наива, ниту толку несериозна, за животот да го сфаќа сериозно. Можеби на моменти само така изгледа, малку откачена, „брлива“, слободна, а таа всушност само на свој начин ужива во сето она што животот го пружа и тоа со максимална доза… Зашто… „Денес си цвет, а кој знае утре, можеби  свената роза?“ – како што вели старата песна.

Така живее речиси секој ден, „со полни гради“, со стил и изразен сексапил кој не и недостига, туку напротив – ја краси дури и во години кога не е девојче туку зрела жена, која знае како нештата да ги преброди,  подготвена за многу животни одлуки… И оние кога треба нешто „да се пресече“ и оние кога некој треба да се привлече!

И во едниот и во другиот случај телесно раскошната скопска убавица очигледно тоа го прави со стил…

Така беше и овој пат кога покажа дека ноќта кога носи одлуки, Мелита тоа го прави со шампањско и „секси салата“ од мед и ореви…

Прашање е само дали за да ја заслади горчината вткаена во одлуката нешто што не оди „да го пресече“ или таа вечер некого требаша да заведе и привлече?

Судејќи по литературата што остана на масата покрај „секси салатата“, дело од познат женски автор насловено „Историја на љубовничките“, повеќе од сигурно е дека е во прашање љубовна историја, која требаше или да заврши или штотуку да почне да се создава?

Како и да е, тоа за неа, за Мелита беше „ноќта кога носиш одлуки“!

Само остана нејасно е дали тоа беше одлука за некоја важна работа или со шампањско и „секси салата“, само подготовка за љубовна (пред)игра?

Но, за да не ви бидат нагаѓањата бесполезни и празни, почекајте… Можеби одговорот Мелита ќе го сподели веќе утре, на своите Инстаграм приказни!

Фото: Инстаграм/melitameli

 

To top