Една од најголемите фолк ѕвезди, Весна Змијанац, веќе неколку дена е во Ургентниот центар поради влошена здравствена состојба.
Иако требаше да биде пуштена дома, лекарите ја задржаа за дополнително да ја следат нејзината состојба.
Според медиумите, Весна секојдневно ја посетуваат пријателите и семејството, и секој ден е подобро.

– Весна е добро, наскоро треба да биде отпуштена дома. Се надеваме дека ќе бидеме на почетокот на следната недела. Пријателите и семејството ја посетуваат, Николија, ќерката на пејачката е таму секој ден покрај неа – изјави, меѓу другото, извор близок до пејачката.

Како што пишувавме пред неколку дена, Весна имала интервенција, кога била подложена на реваскуларизација на артеријата, а интервенцијата била извршена поради итноста на нејзината состојба. Изворот рекол дека пејачката имала сериозно стеснување, односно блокада, на еден од најважните крвни садови на срцето, главното стебло на левата коронарна артерија.
Оваа интервенција го обнови протокот на крв, што спречи срцев удар и ја подобри функцијата на срцето. Три стентови значат дека стеснувањето било подолго или на повеќе од едно место.
фото: printsceen/instgaram







