Пејачката Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, објави нови жешки фотографии од својот заслужен одмор.
Судејќи според објавите што редовно ги споделува со фановите, пејачката максимално ужива во луксузот и летните задоволства, додека нејзините следбеници имаат можност да го следат секој момент од нејзиниот престој во Хрватска.

Сандра Африка ужива во опуштена атмосфера, на плажа и во морските задоволства, додека високите летни температури дополнително ја засилуваат празничната и лежерна атмосфера.

Пејачката покрај фотографијата напиша:
„Одморот се ближи кон крајот“, додавајќи дека со нетрпение го очекува претстојниот настап во клуб.

На една од фотографиите можеме да видиме и дека го соблекла горниот дел од бикините и го оставила на една карпа.

За жал, таа не објави фотографија на која е без него, но и ова е доволно за да се разгори фантазијата.

Изборот на Сандра за плажа беше провокативен црн костим за капење што едвај ги покриваше нејзините бујни облини, привлекувајќи го вниманието и на минувачите и на обожавателите.

Таа го искомбинира со сина каубојска шапка и изгледаше апсолутно совршено.
Foto: Printscreen/Instagram/sandraafrika






