Радио Милева 3 години љубов

Немања Гудељ ја чува Анастасија Ражнатовиќ како кралица, а оваа снимка го покажува тоа (видео)

Немања Гудељ ја чува Анастасија Ражнатовиќ како кралица, а оваа снимка го покажува тоа (видео)

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, и нејзиниот сопруг Немања Гудељ денес прославуваат тригодишнина од бракот, па споделија емотивна снимка на социјалните мрежи.

Всушност, Анастасија објави видео снимено по излегување, на кое сопругот ја носи на грб бидејќи ја болеле нозете.

„Среќна нека ни е 3-та годишнина од бракот, љубов! Засекогаш вака да ме носиш кога ме болат нозете. Те сакам најмногу“, напиша Анастасија во описот, а во коментарите се нижеа честитки и убави желби од нејзините следбеници.

Да потсетиме, Цеца неодамна зборуваше за тоа како се согласува со зетот.„Не знам, јас навистина не сум посесивна, затоа постојано ги задевам колешките на тој начин. Веројатно затоа што јас никогаш не сум била таква. Никогаш не сум била луда баба и зетот да има фобија од мене. Мене мојот зет ме обожава. Јас да се мешам и да им мрчам, па да имам свој став и мислење за сè и сешто, или така за снаата… Јас го немам тој тип на карактер, си имам свој живот и ги пуштив моите деца да си ги живеат своите животи, бидејќи нивните животи им припаѓаат ним“, објасни таа за „Блиц“.

фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija

To top