Дуото „Некст Тајм“ сними ново видео за преработката на старата македонска песна „Нема друга Македонија“, во амбиент на споменикот „Македониум“ во Крушево.

Песната, која изворно ја отпеа Војо Стојановски, е дел од концертниот проект „Македониум“, што групата го сними пред неколку недели во истоимениот споменик во Крушево, каде и претходно снимаа и други македонски естрадни уметници како Влатко Стефановски со Мирослав Тадиќ, на пример.

Инаку автор на оригиналната верзија е покојниот Милан Завков, а стиховите се на Томислав Которчевиќ.

Новиот аранжман го потпишуваат Мартин Филиповски и Николче Мицевски, а снимател на звукот бил Ивица Јанкуловски, додека миксот и мастерингот ги изработил Лазар Цветковски.

Како звучи и изгледа ова верзија на „Некст тајм“ на темата „Нема друга Македонија“ проследете од видеото во продолжение:







