Радио Милева решен проблем

Не можел да дише: Пејачот Мирза Селимовиќ морал итно под нож

Не можел да дише: Пејачот Мирза Селимовиќ морал итно под нож

Популарниот пејач Мирза Селимовиќ откри дека морал да го оперира носот.

Мирза Селимовиќ , победникот на „Ѕвездe Грандa“, отворено проговори за операцијата на носот од пред неколку години. Пејачот раскажа како уште од детството го мачел овој здравствен проблем и дека постапката била неопходна не само за неговата кариера туку и за неговото секојдневно функционирање.

Проблемите со дишењето го попречуваа со години, што особено влијаеше на неговото пеење и настапи. По операцијата, Мирза конечно почувствува олеснување.

– Имав големи проблеми со дишењето и отстапување уште од мал, едната страна секогаш беше затворена. Последниве години постојано користам некои капки, па докторот ми кажа дека ја изгорев слузницата. На крајот реков: „Доста е, да одиме да го решиме“ – одлучи тогаш Мирза, кој признава дека имало доза на страв.

– Секако дека се плашев од анестезија и сето тоа, но можеш да го надминеш тој страв. Сега тие методи се поинакви па нема потреба да се грижите, не е ништо страшно, сега дишам нормално – признава пејачот за Гранд.

фото:instagram printscreen/mirza.selimovic

To top