Младиот боксер Вељко Ражнатовиќ откри дека претрпел повреди, поради кои мора да ги откаже претстојните обврски.
Како што истакна синот на пејачката Цеца Ражнатовиќ, тој го повредил долниот дел од грбот, што го спречува да се појави на професионалната боксерска ревија закажана за 13 септември во Белград.
– За жал, поради повреда на долниот дел од грбот, нема да можам да учествувам на 13 септември во Белград – напиша Вељко Ражнатовиќ и додаде:

– Ме чека период на закрепнување и терапија, па наскоро ќе ве видам низ јажињата – рече боксерот Вељко Ражнатовиќ.

Наследникот на Цеца се појави пред 8 дена, на 12 август, на Маракана каде што се играше реваншот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите помеѓу Црвена Звезда и Лех.
фото:Instagram printscreen/ac3isb4ck







