Во последниот викенд на месец февцруари, поточна саботата на 28-ми во Диселдорф, нашинците кои живеат и работа во Германија организирани во Младинскиот културен центар „Македонско сонце“ организираа хуманитарен концерт за семсјствата на настраданите и повредените во катастрофата во Кочани.

Само една година пред тоа, еден месец пред трагедијата во клубот „Пулс“ токму ДНК заедно со Андријана Јаневска настапуваа со свој концерт во организација на Македонците од културниот центар, па ова беше и своевиден трибјут на песните на ДНК, но и вечер во која токму Андријана Јаневска, Ламбе Алабакоски, Елена Андоновска, засилени со Тина Русева победничката на „The Voice of Еurope“ и Сања Лефкова – која последниве години живее и работи во Германија, како и фолклорниот ансамбл „Македонско сонце“.
View this post on Instagram
Вечер на национална гордост и патриотизам, но и спомени, солзи и сеќавања на сите што ги загубија животите таа кобна ноќ во клуборт „Пулс“ во Кочани, меѓу кои и повеќето од членовите на групата ДНК.
View this post on Instagram
Се пееја македонски песни, од „Јовано Јованка“ и „Море сокол пие“, преку „Ја излези Ѓурѓо“, па се’ до песните од личниот репертоар на пејачите кои настапија, но и дел од песните на ДНК.
View this post on Instagram
Македонскиот културен центар „Македонско сонце“ од Диселдорф на ДНК односно на Андреј Георгиевски му дододели постхумна благодарница за посебни заслуги за зачувување и негување на македонската култура и меѓусебно помагање на Македонците.

„Момент кој понекогаш животот ќе ти го донесе во кој гордоста и болката стојат една до друга“ – како што напишала во својот пост сопругата на Андреј, Наталија, на која и беше врачена благодарницата.
View this post on Instagram
„Понекогаш животот ќе ти донесе момент во кој болката и гордоста стојат една до друга.
Благодарна сум за поканата да присуствувам и да бидам дел од хуманитарниот концерт, а особено за врачeната благодарница од Македонскиот Културен центар „Македонско сонце“ – Дизелдорф, доделена постхумно за Андреја.
Тоа што тој го правеше не беше само музика, туку љубов, грижа и искрено поврзување на луѓето, без разлика каде и да живеат. Особена благодарност до “Македонско сонце“ што ја препознаа таа вредност“ – стои во описот покрај фотографијата од благодарницата која јавно ја обзнанила сопругата на Андреј.
Фото и видео: Инстаграм/mkc_makedonsko_sonce_dizeldorf/natalija.gjorgjieska





